⸻      ВИНАРИЈА ОХРИД
Винарија Охрид
Инспирирани од традиција долга повеќе од шест децении и единствен амбиент на Охридското Езеро, создаваме вина што го носат чистиот карактер на овој крај. Со спој на сончеви лозја, современа енологија и локална автентичност, го претвораме грозјето во искуство што го открива духот на Охрид во секоја чаша.

ИСТОРИЈАТ

Основана под охридското сонце, Винарија Охрид ја негува традицијата, автентичноста и посветеноста на квалитетот – создавајќи вина од Сонцето.

година
2007

Нов почеток

година
2007

Со преземањето од страна на Винарија Чока започнува ново поглавје на развој и модернизација. Инвестициите во опрема, технологија и стручен кадар ги поставуваат темелите на современ вински бренд.

година
2021

Премиумизација

година
2021

Започнува процес кон флаширано производство, унапредување на стандардите и јасен визуелен идентитет. Винарија Охрид се позиционира како модерен бренд со нов пристап и стил.

година
2026

Денес

година
2026

Винарија Охрид е препознатлив бренд со развиена дистрибутивна мрежа во малопродажба и HoReCa каналот, насочен кон континуиран раст и нови генерации љубители на вино.

Вина од Сонцето

Таму каде што сонцето и езерото создаваат идентитет.

Во Охрид, каде сонцето ги гали лозјата, а ветровите од езерото ја обликуваат микроклимата, се раѓаат вина со силен карактер. Нашата филозофија е едноставна – почит кон природата и нејзините детали, преточени во вино што носи душа.

За нас виното е повеќе од производ – тоа е начин да се пренесе атмосферата на Охрид и моментите што се паметат.

Нашите вина потекнуваат од срцето на дестинација што светот ја препознава, место што дава идентитет на секоја голтка и ја претвора во искуство за паметење.

Охридски вински регион

Охридскиот вински регион се наоѓа на надморска висина од 695 метри што го прави совршен спој помеѓу медитеранска клима преку ден и изменето континентална клима преку ноќ. Ладните летни ноќи допринесуваат во задржување на свежината и вкупните киселини во виното додека долгите и топли денови допринесуваат во созревање на грозјето и формирање на неговата ароматика.

Технологија

Нашиот пристап се темели на рамнотежа помеѓу традицијата и современите методи. Со внимателно водени процеси ја зачувуваме свежината, чистотата и ароматиката., дозволувајќи природата да биде главниот фактор.

Галерија

Откријте ја Винарија Охрид преку фотографии од нашите вина,
ресторани и моменти што го создаваат духот на Охрид.

3

Винарија Охрид

Вина

Ресторани

Охрид

Мора да имате над 18 години за да ја посетите оваа страница

Дали имате над 18 години?