⸻      ВИНАРИЈА ОХРИД
За Охрид
Охрид е град каде историјата и природата се спојуваат во сцени што оставаат без здив, кристално езеро, стар град и атмосфера која живее на секоја улица. Нашите вина се дел од вашето дожививање. Пронајдете ги во во врвните ресторани, хотели и барови низ целиот град. Охрид не се разгледува само со очи – уживајте во автентичните вкусови што го прават секое искуство незаборавно.

Туризам

Охридски вина

Вината на Винарија Охрид носат автентичност на регионот од кој потекнуваат, елеганција, свежина и карактер на сонцето и надморската висина. Секоја етикета е одраз на нашиот идентитет и стил на создавање вина кои оставаат трага. Токму затоа, нашите вина стануваат неизбежен дел од секое охридско уживање.

Гастрономија

Охрид е град кој се доживува преку својата гастрономија, а некои места посебно би ги издвоиле. Хотелите Тино Св. Стефан и Тино Центар нудат врвен комфор и поглед на езерото, додека рестораните Острово, Кајче и Нова Ривиера спојуваат локални вкусови со афтентична атмосфера која остава незаборавен впечаток. Со нашите вина на овие места, секој оброк се претвора во целосно охридско гастрономско доживување кое останува во сеќавање.

Туризам

Охрид е срцето на македонскиот туризам,место кое секоја година привлекува стотици илјади посетители. Езерото,природата и богатата историја го прават градот уникатен. Летото, улиците и шеталиштата оживуваат со фестивали,концерти на отворено и енергија која плени на секој чекор. Со заштитата на UNESCO и културното богатство, Охрид нуди совршен спој на одмор, култура и медитерански ритам- дестинација која се памети.

Дестинации за посетување

Охрид е дестинација која нуди предели што се паметат – од црквата Свети Јован Канео и манастирот Свети Наум, до Самоиловата тврдина, стариот град и видиковците на Галичица. Секоја од овие локации открива дел од духот на Охрид и го прави вашиот престој незаборавен.

Стари занаети

Охрид е град што ја чува својата душа преку традицијата. Од изработката на Охридски Бисер до мајсторските вештини на локалните занаетчии, секој занает раскажува приказна за наследството и идентитетот на градот. Овие вештини го оживуваат минатото и го поврзуваат со сегашноста,исто како што нашите вина ја чуваат магијата на овој кра.

Гастрономија на Охрид

Охридската гастрономија е спој на традиција, свежина и гостопримство, а соработката со најдобрите ресторани е дел од нашиот идентитет.

Нашата визија е да бидеме дел од секоја охридска трпеза, секој состанок и секоја приказна со добра храна. Веруваме дека квалитетните вина ја надополнуваат гастрономијата, и затоа сакаме да бидеме изборот на секој домаќин кој го претставува Охрид пред посетителите. Преку соработка со внимателно одбрани ресторани и хотели, се стремиме да го направиме доживувањето на Охрид посебно и незаборавно.

Наши препораки

/

Хотел Тино Свети Стефан

Сместен покрај самата обала на Охридското Езеро, Тино Свети Стефан комбинира модерен комфор со поглед кој го одзема здивот.
Ресторанoт и хотелот нудат внимателно подготвена храна, опуштена атмосфера и пристап до spa & wellness содржини кои престојот го прават посебен.
Идеално место за гости кои сакаат мир, елеганција и доживување на Охрид во најубавото светло.

/

Хотел Тино Центар

Во срцето на Охрид, Тино Центар спојува традиционални македонски вкусови со модерен кулинарски пристап.
Ресторанoт е познат по разновидното мени, пријатната атмосфера и локацијата која овозможува да се доживее вистинскиот ритам на градот.
Совршен избор за посетители кои сакаат автентично гастро доживување во самиот центар на случувањата.

/

Нова Ривиера

Хотелот се наоѓа на самата обала, покрај шеталиштето и близу до центарот на Охрид, што го прави идеално место за преноќување, појадок, ручек или вечера со поглед на езерото и шумот на брановите. Нуди разновидна понуда – од традиционални македонски и балкански јадења, до интернационални специјалитети. Со топла атмосфера и пријателска услуга, претставува одличен избор за гости кои бараат удобност, разновидно мени и близина на најубавите делови на Охрид.
/

Острово Свети Наум

Сместен на мало островче опкружено со езеро и зелени површини, ресторанoт Острово Свети Наум нуди уникатно доживување на оброк во природен амбиент. Терасата на вода, мирните предели и мени inspirirano од локални и интернационални вкусови го прават местото незаборавно. Совршена дестинација за гости кои сакаат да го почувствуваат Охрид од сосема поинаква перспектива.
/

Кајче

Ресторанoт Кајче се наоѓа на место каде некогаш бил направен првиот метален чамец на Охридското Езеро – името го носи по тоа историско наследство. Денес нуди спој на традиција и современа кујна. Целото мени е составено за да пружи автентичен вкус на Охрид, со специјалитети кои вклучуваат риба од езерото и јадења од свежи локални состојки.

Мора да имате над 18 години за да ја посетите оваа страница

Дали имате над 18 години?