ИСТОРИЈАТ
Основана под охридското сонце, Винарија Охрид ја негува традицијата, автентичноста и посветеноста на квалитетот – создавајќи вина од Сонцето.
година2007
година2007
година2021
година2021
година2026
година2026
Вина од Сонцето
Таму каде што сонцето и езерото создаваат идентитет.

Во Охрид, каде сонцето ги гали лозјата, а ветровите од езерото ја обликуваат микроклимата, се раѓаат вина со силен карактер. Нашата филозофија е едноставна – почит кон природата и нејзините детали, преточени во вино што носи душа.

За нас виното е повеќе од производ – тоа е начин да се пренесе атмосферата на Охрид и моментите што се паметат.
Нашите вина потекнуваат од срцето на дестинација што светот ја препознава, место што дава идентитет на секоја голтка и ја претвора во искуство за паметење.
Охридски вински регион
Технологија

Нашиот пристап се темели на рамнотежа помеѓу традицијата и современите методи. Со внимателно водени процеси ја зачувуваме свежината, чистотата и ароматиката., дозволувајќи природата да биде главниот фактор.
Галерија
Откријте ја Винарија Охрид преку фотографии од нашите вина,
ресторани и моменти што го создаваат духот на Охрид.

Винарија Охрид

Вина

Ресторани

Охрид